страна:
1
| Прашање: |
Кој е дистрибутер на HANKOOK пневматици за Македонија? |
| Одговор: |
Се извинуваме за задоцнетиот одговор, но досега немаше никаде објавено кој е дистрибутер на HANKOOK пневматици за Македонија, ниту на официјалниот сајт на HANKOOK. Но од минатата недела е отворен нов продажен салон и сервис во Скопје (Момин поток) за пневматици, кој увезува меѓудругите брендови и HANKOOK пневматици - STOP&GO service, www.stop-go.com.mk, информации на тел.: 02/309-72-02 и 02/309-71-97
постави прашање
|
| Прашање: |
Зошто мојот оглас што ви го испракам по е-маил (без фотографија), не се покажува и на почетната страна во последни 10 огласи. |
| Одговор: |
На почетната страна во последни 10 објавени огласи, се поставуваат само огласите кои што се испратени со фотографија. Огласите кои што се без фотографија се објавуваат но не се појавуваат на почетна страна.
Но, постои пребарување по дата на објавување, и на тоа пребарување ги покажува сите објавени огласи во одбраниот период.
постави прашање
|
| Прашање: |
Како да го променам мојот бесплатен оглас за кола, односно да ја сменам цената за AUDI ... , или потребно е Вие да ја промените? |
| Одговор: |
За да се избрише некој оглас или да се изврши некоја промена во него, потребно е да пратите е-маил до нас и да ги наведете марка и модел, боја, година на производство, цена, и контакт телефон од огласот и ние ќе ја направиме бараната промена.
постави прашање
|
| Прашање: |
Во врска со прашањето -за промена на јазикот на борд компјутерот од германски на англиски јазик за глофот- слободно можете да се обратите во автосервис BUSAR во Штип, јас го имам сменето на мојот Пасат. Поздрав, vladgo@t-home.mk |
| Одговор: |
Ви благодариме за одговорот, се надеваме дека посетителот кој го постави прашањето за промена на јазикот кај борд компјутерот од Голф ќе ја прочита Вашата порака
постави прашање
|
| Прашање: |
Ќе Ве замолам да ми одговорите на овие прашања, оти ми се многу ВАЖНИ.
1.Што е тоа хибриден погон?
2.Кога прв пат се појавува?
БЛАГОДАРАМ и чекам Ваш одговор. |
| Одговор: |
Хибридeн погон
Хибриден погон (попрецизно хибриден погонски систем) е назив кој означува придвижување на моторните возила со помош на различни извори на енергија.
Обично под ова се подразбира комбинација на електромотор и мотор со внатрешно согорување. Најчесто се користи кај патните и железничките возила.
Хибридниот погон ги обединува предностите на погонските системи кои го сочинуваат, така што при различни режими на возење, ги користи само предностите од различните погонски системи.
Денес се развиваат и тестираат следните видови на хибриден погон:
- Мотор со внатрешно согорување + електромотор + акумулатор (најчест избор)
- Мотор со внатрешно согорување + електромотор + надворешен извор на енергија
- Мотор со внатрешно согорување + гасна турбина + генератор + акумулатор + електромотор
Принцип на работа
Комбинацијата Мотор со внатрешно согорување, електромотор и акумулатор - т.н. сериски хибриден погон е веќе испробана. Возилото со оваков систем, во возење во град, или при возење со константна брзина се придвижува со помош на едносмерниот електромотор, кој притоа се напојува од електричната енергија на акумулаторот. Во тој слуќај моторот со внатрешно согорување не е активен. Во случај на потреба за поголеми забрзувања или при големо оптоварување, се вклучува и моторот со внатрешно согорување. При возење на поголеми растојанија возилото го придвижува моторот со внатрешно согорување, а електромашината работи во режим на генератор и го надополнува акумулаторот/ Ова се случува и при кочење на возилото, кога електричната енергија се добива од инерцијалната енергија (сила) на возилото.
Некои предности и недостатоци:
Предности:
Хибридниот погон овозможува искористување на поединачните предности на различните погонски системи:
- електромотор: низок степен на бучава, нулта емисија на издувни гасови и висок степен на искористеност (до 90%);
- мотор со внатрешно согорување: голема автономија на возилото, по потреба голем вртлив момент и можност на движење со големи брзини.
Уште една голема предност е можност да интегрираниот погонски систем работи во било која момент на работа со виско степен на искористеност, а со намалена потрошувачка на енергија.
Недостатоци:
сеуште големи набавни трошоци, поголема тежина на возилото (тешината на акумулаторите и електромоторот) и помал товарен простор.
Најраниот развој на хибридни возила:
Во 1901, како вработен во Lohner Coach Factory, Ferdinand Porsche го дизајнирал "Mixte", хибридно возило
Mixte има соборено неколку Австриски брзински рекорди и победи на Exelberg релито во 1901 управувано лично од Porsche.
Mixte употребувал генератор покренуван од бензински мотор, кој пак ги покренувал електормоторите со мал капацитет на акумулатори, со рнаг на движење од 50км, и најголема брзина од 50км, и сила од 5.22 kW во траење од 20 минути.
Ауди е првиот европски производител кој во 1997 ја стави во сериско производство на третата генерација Audi duo, базирана на A4 Avant.
Првиот хибриден електричен модел кој се појави на пазарот во САД е Honda Insight (61 mpg град, 70 mpg автопат) во1999. Toyota Prius (52 mpg град, 45 mpg автопат) дебатира следната година, а Honda Civic Hybrid (46 mpg град, 51 mpg автопат) во 2002.
постави прашање
|
| Прашање: |
Како можам да го променам јазикот нa БОРД компјутерот, од Германски на англиски, на VW GOlf 5, 1.4, дали има некој сервис што го прави тоа, прочитав дека е потребно VAG-COM апликација и дали ја има некој во Македонија? |
| Одговор: |
Немаме податок дека некој во Македонија ја нуди оваа апликација. Сепак освен апликацијата потребен ви е и OBD приклучок (интерфејс) и лаптоп за да го користите овој софтвер. Оваа инвестиција не е многу ефтина (можете да погледнете како пример на оваа веб адреса http://www.ross-tech.com )
Најдобро е да се обратите до овластените сервиси за VW, односно во PORSCHE Скопје, кој е официјален застапник за VW, Audi и Skoda.
Адреса: ул. Босна и Херцеговина бб, Скопје (во населба Скопје Север - до цигланата), тел. 02/26 26 266.
Доколку некој наш посетител има некоја друга информација, слободно нека се обрати до нашата редакција да ја објавиме.
постави прашање
|
| Прашање: |
Сакам да ставам аларм во автомобилот. Имам слушнато дека може да биде поврзан со мобилниот телефон (не знам точно за каков тип на аларм се работи, се надевам дека вие ќе ми одговорите). Дали има кај нас и каде? Дали е ефикасен? Благодарам. |
| Одговор: |
Алармот што го барате е БУБА АЛАРМ и го нудеше компанијата Мобимак.
Што е Буба аларм и како работи?
Буба аларм е GSM уред кој се инсталира на Вашиот автомобил или имот и кој со СМС порака Ве известува за време од само 5 до 7 секунди за неовластено влегување во имотот. Буба алармот Ви овозможува автоматски да го блокирате работењето на моторот на Вашиот автомобил, карактеристика, која го прави овој аларм единствен и незаменлив во меѓу системите за заштита на автомобилите. Напредното користење на Буба алармот ќе Ви овозможи на него да инсталирате инфрацрвени сензори, други алармни прекинувачи и визуелни или акустични дојавувачи со кои дополнително ќе ја зголемите безбедноста на имотот. Секаде каде
што стигнува GSM сигналот на МобиМак, нема потреба да се плашите од грабеж. Буба алармот можеше да се набави во сите продажни салони на МобиМак, но не знаеме од кои причини Т-мобиле (мобимак) не ја нуди повеќе оваа услуга. За друга компанија во Македонија немаме слушнато дека нуди ваков тип на аларм.
Доколку некој наш посетител има некаква информација за набавка на ваков тип на аларм во Македонија може да ни ја испрати информацијата за да ја објавиме.
постави прашање
|
| Прашање: |
Ме интересира ако можете да ми објасните процедурата за увоз на моторцикли (од 500 до 1000 ццм3) царински давачки и хомологација.
|
| Одговор: |
Во најновиот ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2008 издаден од Царинската управа на РМ, поставен на нивниот веб портал - http://www.customs.gov.mk/html/vodic08v3.pdf, во поглавјето 87 (страна 791-792), можете да ги прочитате кои се давачките при увоз на моторцикли. И тоа од тарифните броеви 8711 (општо моторцикли), 8711 40 00 00 (од 500 до 800 ццм3), и 8711 50 00 00 (над 800 ццм3). Царинските давачки изнесуваат 15%, а данокот на додадена вредност 18%, акциза не се додава кај моторциклите. На страните xvii - xx се објаснети кратенките кои што се користени во табелите. Немаме информација дали кај моторциклите постои еуро3 или еуро 4 стандард и дали е потребно да го поседуваат при увоз на моторцикли.
Најдобро е да се обратите на Машински факултет оддел за хомологација (со копија од сообраќајната) за да ви дадат одговор дали тој тип на моторцикл може да се увезе.
постави прашање
|
| Прашање: |
Како прво браво за web страната, таа е една од подобрите. Проверувам на интернет каде можам во Македонија да сменам компјутерски чип на мојот VW Golf 5 1.4 Trendline 1400 кубика 80 коњски сили, ви благодарам? |
| Одговор: |
Доколку сакате со промена на чипот да добиете поголема снага на моторот, колку што ни е познато (од дискусиите по германските блогови) не е доволна само промена на чипот потребно е да се направат и некои други модификации на самиот мотор, кое во секој случај и не е исплатливо. Немаме информација кој тоа може да го направи во Македонија. Доколку сакате да направите промена на чипот поради некаков дефект, потребно е да се обратите во овластените сервиси
за VW, односно во PORSCHE Скопје, кој е официјален застапник за VW, Audi и Skoda. Адреса: ул. Босна и Херцеговина бб, Скопје (во населба Скопје Север - до цигланата),
тел. 02/26 26 266. За жал сеуште немаат web site.
постави прашање
|
| Прашање: |
Ме интересира дали во иднина ќе објавите некој сервиси што се занимаваат со тјунирање во Македонија или продавници доколку има. |
| Одговор: |
Во рубриката сервиси, постои подгрупа Сервис за тјунинг. До сега се имаат пријавено два сервиси кои нудат тјунинг и се наогаат во нашата база на податоци.
Се трудиме на сите компании да им објасниме дека регистрирањето на нашиот вебпортал за сите компании што се поврзани со автомобилската индустрија е бесплатно, како што се и бесплатни малите огласи.
Неколку компании имаме и лично посетено.
Потребно е да го пополнат формуларот за бесплатно поставување во нашата база и доколку имаат лого и фотографии истите да ни ги испратат.
постави прашање
|
|
|
|